Производител на млечни производи
Поради зголемен обем на работа имаме отворен оглас за 5 нови работни места во фабриката Млекара Тетово за производство на млечни производи. Нудиме стабилна работа, со редовни примања, вклучен оброк на работното место, одлична локација блиску до центарот на градот, и редовно исплаќање на регрес за годишен одмор.
Потребни квалификации:
минимум средно образование,
работно искуство ќе се смета за предност,
способност за тимска работа,
позитивен и педантен пристап кон работата.
Аплицирајте со испраќање на вашето CV на sonja.uzevski@mlekaratetovo.mk, лично дојдете во млекарата на ул. 29-ти Ноември бб, Тетово, или пополнете го долунаведениот формулар.